Стоилковски: Хунтата издала наредба за мое присилно приведување

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски слика од наредба за негово приведување.

-Хунтата издала наредба за мое присилно приведување. Чист притисок и обид за заплашување, еј на гласоговорникот на опозицијата. Внимавајте, без наредба за претрес да влезат во домот, но и во други простории за присилно да ме приведат! "Огласот" за нова Кацарска е отворен, па удри колку можеш!, напиша Стоилковски на Фејсбук.

Вели дека цел полициски вод го барало низ главниот град.

-Како да сум убиецот од Смилковско!Како да сум убиецот на Мартин Нешковски! Како да сум оштетил буџет, земал местени тендери и пари од фондови, сум дал лиценци на брат на 30 години, како да перам пари од Панама, дрпам од набавка за систем Леонардо, или тендераш ми гради куќи на Водно, или сум снимен директор како ставам снопче пари во чанта, делам фабрики за марихуана ...!? Или пак кај мене завршија парите од Рекет, па трошам без покритие, за вили во Грција или скапи станови и мотори?, вели Стоилковски.

Според него, немало обвинение против него.

-Уредно примена покана, како претставник на правно лице. ова е чисто изживување! порака "еве што можеме"! ова е обид за заплашување насочен кон мене, моето семејство, деца, вели Стоилковски.

Еве ја! Хунтата издала наредба за мое ПРИСИЛНО ПРИВЕДУВАЊЕ! Чист притисок и обид за заплашување, еј на гласноговорник на...

Posted by Naum Stoilkovski on Wednesday, 21 October 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега