Стоилковски: Цел регион се вакцинира, само Македонија извиси заради лагите на Заев и Филипче

Два месеци трае лагата за обезбедени вакцини против Ковид-19! Цел регион се вакцинира, и држави членки на ЕУ и тие што уште не се. Албанија веќе цела недела се вакцинира, ги добиле вакцините од држава членка на ЕУ во регионот, која што граничела со држави коишто не се членки. Може да се претпостави дека тоа се или од Романија, Бугарија, или од Грција. само во Македонија се уште на големо се лаже за вакцинацијата. Цел регион се вакцинира, само Македонија извиси заради лагите на Зоран Заев и Венко Филипче. Утре е 17 јануари, слушнете што зборуваше Зоран Заев на 17 ноември пред два месеци, а веднаш потоа што зборуваше Венко Филипче, изјави на денешната прес конференција, Наум Стоилковски, протпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев вели со секоја пратка до Грција, Македонија ќе добивала вакцини. Филипче вели со секоја пратка до Бугарија, Македонија ќе добиела вакцини. Пораките беа дека МАкедонија ќе почне вакцинација истовремено со државите од ЕУ! Дополнително се ширеше лага дека Заев добил понуда од Мицотакис за вакцини, исто како што беше лагата од Филипче за вакцините од Бугарија. На 25 декември Заев повторно вели во едно свое интервју „ја прифативме помошта во вакцини од Грција, Бугарија“, па додава „За нас беше важно да направиме навремени чекори за да ги обезбедиме вакцините“. Е па Зоране Заев, вакцинацијата во Грција започна на 27 декември! Вакцините во Софија и во Атина пристигнаа на ден претходно, на 26 декември, и веднаш беа распоредени низ Бугарија и низ Грција. Ама пратка за Македонија немаше, посочи Стоилковски.

– Е па Зоране Заев, што е тоа навремено според тебе, кога ќе дојдат вакцините од Бугарија? Кога ќе дојдат вакцините од Грција? Кога ќе пристигнат нарачаните вакцини? Колкави се количините кои што ќе дојдат како помош, а колку се нарачани? Зошто ги нема до сега? Одговорот што го даваш на 25 декември „Кој, кога почнал е навистина ирелевантно“, апсолутно не држи, туку е оправдување за лагата, и истовремено оправдување за секој еден следен заболен и за жал починат од корона! Точно ли е дека поим немате ниту за вакцините од Бугарија, поим немате за вакцините од Грција, ниту дали ниту кога би ви ги пратиле? Точно ли е дека сокривте тоа што ви е кажано од Софија дека оттаму ќе ви дадат или препродадат вакцини само откако ќе бидат задоволени домашните потреби во Бугарија?, прашува тој.

Стоилковски тврди дека Зоран Заев, Венко Филипче и цело СДСМ работат само на едно – на ширење на лаги и работат на манипулација на граѓаните преку медиумите.

– Прашање од кое што бегаат е колку животи се доведени во опасност заради ненавремено започнување на вакцинацијата? Колку животи уште ќе треба да бидат во опасност за Заев и Филипче да кажат точен ден кога ќе дојдат вакцините и кога ќе започне вакцинацијата? Ниту има точен датум кога ќе започне вакцинација, ниту колку вакцини се потребни, ниту колку ќе пристигнат, туку со месеци само се шпекулира и се шират лаги. Факт е дека истите велеа дека пандемијата била под контрола и очекуваа 2000 заболени, факт е дека ковидот им избега од контрола со над 2500 починати, факт е дека Македонија има најголема смртност поврзана со корона и факт е дека нема никаков план за вакцинација. Факт е дека Зоран Заев и Венко Филипче го девастираа здравството ги оставија луѓето на цедило среде епидемија и за тоа мора да понесат одговорност, додаде Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2021 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега