Стоиљковиќ предлага идната година одбележување на Денот на српското единство на Кајмакчалан

 Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ) и пратеник во македонското собрание, Иван Стоилковиќ, најави дека ќе им предложи на српскиот претседател Александар Вучиќ и српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, првата годишнина од одбележувањето на празникот – Ден на српското единство, слободата и националното знаме да се одржи на Кајмакчалан во  Македонија.

Стоилковиќ на Фејсбук објави дека ќе испрати писмо со предлог до Вучиќ и Додик, со договорена согласност од водечките српски здруженија, бидејќи, како што нагласи, новиот празник се поврзува со настан „на територијата на денешна Македонија“.

Стоилковиќ верува дека ваквото одбележување на празникот ќе биде ставено во сесрпски рамки и дека сето тоа ќе биде од директна корист за понатамошниот опстанок на српскиот народ во Северна Македонија.

Во текстот под наслов „Кајмакчалан, херојска симфонија на верата, подвизите и страдањата“, тој го нарече Денот на српското единство, слободата и националното знаме „исклучителен и величествен ден“, нагласувајќи дека тоа е празник што го означува почеток на една од најголемите победи во историјата на Србија – пробојот на Солунскиот фронт (Македонски фронт во Првата светска војна).

– За наша среќа, од следната година ќе имаме можност официјално да го одбележиме Денот на српското единство, слободата и националното знаме, наведе Стоилковиќ.

Од вчера Денот на српското единство, слободата и националното знаме за прв пат се одбележува како заеднички празник во Србија и Република Српска, во спомен на пробивот на Солунскиот фронт во Првата светска војна, а централната манифестација се одржа во Бања Лука.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега