Сточар намерно предизвикал пожар во Берово

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 50-годишниот З.Б. од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност на луѓето“.

На 17.04.2020, на место викано „гавранов андак“ во Берово, пријавениот сточар намерно со палење на папрати и нискостеблеста шума на четири различни места на растојание од 200-300 метри предизвикал пожар во кој изгорела површина од осум хектари од кои пет хектари пасишта и  три хектари борова  шума со што  предизвикал  штета на Р.Северна Македонија во вредност од 1.444.300 денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2020 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега