Во денешната емисија „За или против“ на Алфа телевизија, гостуваше актуелниот  градоначалник и кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кој ги истакна сите проекти кои се реализирано во општината и на кои тој е особено горд, наведувајќи ги проектите во инфраструктурата, доградбата на училишта, зголемувањето на капацитетите во детските градинки, воведувањето на едносменска настава, како и вложувањата во спортската инфраструктура.

„Направивме сериозни исчекори во сите области, делот на инфраструктурата, се радувам на доградбите на училиштата коишто ги завршивме на Основното училиште „Тихомир Милошевски“ и на подрачното училиште во Хром, зголемувањето на капацитетите на детските градинки, на новата градинка во Стопански двор,  се радувам што воведовме во четири од шест објекти едносменска настава, во основните училишта во Ѓорче Петров, обезбедивме средства за доградба на три училишта, направивме многу за спортската инфраструктура, 9 нови спортски терени, мултифункционални игралишта  со тартан подлога. Мислам дека ја поставивме општината на здрав колосек, најперспективна општина во градот Скопје и општина која дополнително во иднина најдобро ќе се развива и ќе има најдобри фискални капацитети, вели Стојкоски.

Градоначалникот Стојкоски ги истакна клучните точки на кои ќе се фокусира општината во иднина, притоа стави акцент на новата населба за млади која што се планира, се со цел да се создадат подобри услови за младите да основаат семејство.

„Клучните точки пак се однесуваат најмногу на училишта и детски градинки, ќе имаме и нешто за пензионерите, ќе имаме  нова населба за млади, ќе кажам во текот на кампањата  начинот локацијата каде планираме тоа да се направи и од Владата има добар слух и од Народната банка излегоа со поволности за младите луѓе, целта ние да создадеме услови реални, да овозможиме локации каде младите брачни парови можат да си купат земја, да градат, да основаат семејства. Ќе бидеме поврзани за младите за иднината, за просперитетот“, рече Стојкоски.

Leave A Reply

Exit mobile version