Стив Бенон тврди: Трамп ќе биде сменет за 6 недели

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде сменет за шест недели, предупреди Стив Бенон, поранешен главен стратег на претседателот на САД и прв човек на порталот Брајтбарт њуз (Breitbart News).

Бенон, идеолот на модерната американска десница, предупреди дека администрацијата на претседателот на Трамп не го сфаќа доволно сериозно импичментот, истрагата која може да доведе до негова промена, а на чие чело е Ненси Пелоси, претседателка на Претставничкиот дом на Конгресот.

Поранешниот близок соработник на Трамп истакнал дека на шефот на Белата куќа, дури и ако успее да остане на функција, му се заканува опасност на изборите во 2020 година.

-Импичментот е извесен. Станува збор за сериозна истрага, како што Земјата се двиѓи. Тој ќе биде отповикан - рекол Бенон и додал:

-Администрацијата нема координирани потези. Не сум спокоен кога гледам што прави Мик Мулвени, шефот на вработените. На претседателот му е потребно околу себе да има тим. Во секој момент некој од тој тим мора да биде подготвен за игра. Не може тој се сам да прави. Координација во тимот не постои. Сите мораат да се фокусираат на импичментот - рекол Бенон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега