Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на
град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата
за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.01.2026 до 23.01.2026 зема 150
примероци за физичко-хемиска и 150 примероци за микробиолошка анализа на вода за
пиење од 42 мерни места во Градот Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на
Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник
на РМ, бр.183/18).

Exit mobile version