Стевчо Јакимовски ослободен од куќен притвор

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, излезе од куќен притвор откако судија на претходна постапка минатата недела му ја укина мерката и му одреди мерка на претпазливост.

- „Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за укинување на мерката куќен притвор и определување мерки за претпазливост, судијата го прифати предлогот и го укина куќниот притвор“, велат од судот, пренесе Фокус.

Јакимовски е осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување при постапување по барања за утврдување на правен статус на објекти лоцирани на улицата Илинденска.

Јакимовски беше седум месеци во куќен притвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега