Стевананџија: Со бомби дојдовте - со бомби ќе си заминете

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на собраниската говорница рече дека среќа било ако пратениците во изминатите три години без престан работеле како денеска, а наместо тоа седеле само по 20 минути.

Вели дека е срамно што, како што рече, се брза да се донесе противуставен Закон, без да се консултираат експертите, ниту пак да се даде образложение за носење на законот.

Што ќе беше колеги ако вака напорно ги носевте законите како вечрева, во последните три години ако вака напорно работевте каде ќе беше образованието, економија, правда… Ако вака продолжите колеги на оваа зграда ќе осамне графит мафијата си има Собрание. Не најдовте за скодно 15 секунди да го образложите ова законско решение, ниту едно ветување на исполнивте..ама успеавте Сами си признавате дека лаички си го носите овој закон, по наредба на некој. Па не биле технички грешки, па за 10 часа донесовте грешен закон. Сета среќа што работевте 20 минути дневно, успевате во тие 20 минути да пишувате огласи….Сето ова што го правите се следи. Со оваа Влада и во Март 2020 и во Март 2022 нема да добиеме датум за преговори, ова што го правите е противуставно, ги усрамивте и ЕУ, ова што се случува во овој законодавен дом ми личи на собраниска распродажба. Сета среќа за неколку дена се распуштаме, па ќе дознаеме се за аферите…Со бомби дојдовте со бомби ќе си заминете, истакна Стевананџија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега