Стевананџија: Христијан Мицкоски ја има мојата и поддршката од ВМРО-ДПМНЕ

 

Во пресрет на вечерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, која доаѓа откако во парламентот мина првата фаза во просесот на уставни промени со поддршка од 8 пратеници од опозициската партија и коалиција, дел од влијателните пратеници на ДПМНЕ му изразија поддршка на партискиот лидер Христијан Мицкоски.

Пратеникот Димитар Стевананџија ја изрази поддршката за лидерот на опозициската партија на својот Фејсбук профил.

„Искреност, принципиелност, чесност и упорност се атрибути што ги почитувам. Затоа Христијан Мицкоски ја има мојата и поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и македонскиот народ кога е најтешко“, напиша Стевананџија.

 

 

 

 

22.10.2018 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега