Степаноски за борбата со Ковид-19: Три дена се борев за кислород- немав воздух

Александар Степаноски, вработен како возач во Здравствениот дом во Крушево, е еден од стоте Крушевчани кои што од почетокот на коронавирусот до денеска заболеле од вирусот. Како што раскажал тој, со вирусот се заразил на 16-ти октомври, а пред само неколку дена се вратил на работа и своите работни обврски.

Пред камерата на „Инфокомпас“, тој го раскажал периодот од заразата со ковид-19 и секако лечењето од истиот.

Тој потенцирал дека ситуацијата со Ковид-19 е крајно сериозна и побарал од сите граѓани сериозно да го сфатат вирусот, а особено неговите сограѓани.

„Сакам да напоменам до целокупната македонска јавност дека сериозна е работата и ова не е играчка. Го поминав ковидот тешко, 16 дена со температура, од кои од тие 16 дена 3 дена се борев за кислород, значи немав воздух. Лекувањето беше во домашни услови како и во Здравствениот дом, со поддршка на медицинскиот персонал што е тука во Здравствениот дом, вклучувајќи ги и матичните лекари, интернисти и пред сè благодарност до директорката бидејќи бев под нејзин надзор“, рече Степаноски.

За периодот на борбата со Ковид, тој изјавил:

„Го поминав тешко, борејќи се 3 дена за воздух, бев во домашни услови. Да ви кажам искрено се молев на Бога и сега се молам за сите да оздрават, пред сè фамилијата. Додека бев болен пред сè поддршка имав од децата, мислев на нив, мислев на позитивни работи. Препорачувам сите кои се болни мора да се борат и ќе се избори секој. Не смеат да подлегнуваат на болеста, мора да собере секој храброст и сила за да сето ова го истрае, го помине“, истакна Степаноски

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2020 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега