Бобан Стефковски, актуелен градоначалник на општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за градоначалник говореше во дебатната емисија Диркетно, на телевизија Телма. Тој се осврна на проблемот со депонијата Вардариште и истакна дека прв предуслов е да почне да се третира депонијата со конкретен проект.
„Ние како одговорна локална самоуправа иако надлежноста на оваа депонија е на Град Скопје веќе преземавме низа конкретни чекори. Еден детален урбанистички план е веќе донесен, два се во постапка на носење. Вкупната површина на депонијата Вардариште опфаќа три блока, односно три детални урбанистички планови. Првиот што е донесен, донесен со намена Д3 – спорт и рекреација, останатите два ќе бидат во таа насока“, вели Стефковски.
Стефковски укажа дека како прв чекор потребно е да се исчисти дел од таа депонија, а потоа да се оплемени и да прерасне во зелена оаза.
„Прво да се исчисти дел од таа депонија, тоа мора да се направи како прв чекор, а потоа да се оплемени да прерасне во една зелена оаза“, заклучи Стефковски.
- Тешка сообраќајка попладнево: Загина возач – со бмв излетал од патот
- ВИДЕО: Сè повеќе семејно насилство во Македонија
- Трамп уверува: Цените на нафтата ќе паднат под рекордното ниво по војната во Иран
- Хаос на Заливот: Силни експлозии во Дубаи, Абу Даби и Доха по напади на Иран
- Албански медиуми: Иран најавил можен напад врз кампот на Муџахедините во Албанија
- Се огласија од Армијата: Најдовме дрога кај војник
- Татко ја натепал сопствената ќерка: И извадил и нож, при што сам се повредил поради невнимателност
- Две девојчиња се степале во училиште во Чаир


