Бобан Стефковски, актуелен градоначалник на општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за градоначалник говореше во дебатната емисија Диркетно, на телевизија Телма. Тој се осврна на проблемот со депонијата Вардариште и истакна дека прв предуслов е да почне да се третира депонијата со конкретен проект.
„Ние како одговорна локална самоуправа иако надлежноста на оваа депонија е на Град Скопје веќе преземавме низа конкретни чекори. Еден детален урбанистички план е веќе донесен, два се во постапка на носење. Вкупната површина на депонијата Вардариште опфаќа три блока, односно три детални урбанистички планови. Првиот што е донесен, донесен со намена Д3 – спорт и рекреација, останатите два ќе бидат во таа насока“, вели Стефковски.
Стефковски укажа дека како прв чекор потребно е да се исчисти дел од таа депонија, а потоа да се оплемени и да прерасне во зелена оаза.
„Прво да се исчисти дел од таа депонија, тоа мора да се направи како прв чекор, а потоа да се оплемени да прерасне во една зелена оаза“, заклучи Стефковски.
Актуелно
- ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски се стави на располагање на СДС да биде најголемиот поборник на бугарските интереси во државата
- Возете внимателно: Еве каде вее снег моментално и каде има густа магла
- Влажен бран ја зафаќа Македонија
- Себеси се ставаат на прво место: Овие хороскопски знаци никогаш нема да се жртвуваат за вас
- Шок во студиото: Водителот Огњен Амиџиќ се појави во здолништа
- Војна на прагот во Венецуела: Америка преместува голем контингент авиони за специјални операции во Карибите
- Чувајте се на овие три знаци: Астрологијата открива кој има најголема склоност кон одмазда и манипулација
- Силен земјотрес ја погоди Романија

