Реконструкција на големите локални улици! За подобар сообраќај, за побезбедни улици. За поквалитетен живот на граѓаните. Во насока на унапредување на инфраструктурата и секојдневието во нашите населби, започнуваме со комплетна реконструкција на големите локални улици, објави на Фејсбук актуелниот и кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Гази Баба, стои во партиското соопштение.  

Ќе ги реконструираме:

ул. Лазар Поп Трајков – Автокоманда

ул. Анри Барбис и ул. Карл Хрон – Триангла

ул. Среќко Пужалка и ул. Финска – Ченто

ул. Пехчевска – Хиподром

ул. 2 и ул. 18 – Инџиково

ул. Трајко Китанчев – Ченто,

ул. 10 и ул. 3 – Јурумлери.

Во првиот мандат:

Повеќе од 170 локални улици асфалтирани!

Дополнително во вториот мандат:

Ќе асфалтираме и 100+ нови улици, надвор од овој проект.

Проектот „Гази Баба без кал“ продолжува! Во следните 4 години, тој ќе биде целосно завршен.

Заедно создаваме чисти, безбедни и проодни улици за сите!, напиша Стефковски.

Exit mobile version