Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и министерот за здравство Азир Алиу денеска потпишаа договор за соработка помеѓу Општината и Министерството за здравство, со кој јасно се дефинираат обврските на двете институции за изградба на нова амбуланта во Автокоманда.

– Нова амбуланта во Автокоманда станува реалност. Започнуваме постапка за реализација на едно од клучните барања на жителите од Автокоманда – нова, модерна и функционална амбуланта. Со овој договор го трасираме патот кон нова амбуланта во Автокоманда, со што старите бараки ќе заминат во историјата, се посочува во објавата на Општина Гази Баба во Фејсбук.

Exit mobile version