Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста, нагласувајќи го значењето на трите и пол децении од изборот за суверена држава.

Во својата порака тој истакна дека зачувувањето на државноста претставува обврска кон идните генерации.

„Денес со гордост го славиме 8 Септември – денот кога македонскиот народ храбро и достоинствено го избра својот пат – патот на независна и суверена Македонија. Три и пол децении носиме една идеја, една надеж и една обврска – да ја чуваме Македонија и да ја градиме посилна за генерациите што доаѓаат“, посочува Стефковски.

Тој ја нагласи потребата од почитување на историското наследство и одржување на соодветно единство во општеството.

„Македонија е наш дом. Македонија е наша чест. Македонија е нашата вечна љубов. Да ја чуваме слободата, да го почитуваме делото на генерациите пред нас и со вера, единство и храброст да чекориме кон иднината“, се вели во честитката.

На крајот од пораката, Стефковски упати празнични честитки за Денот на независноста.

„Честит 8 Септември – Ден на независноста! Вечна да си наша МАКЕДОНИЈО“, соопшти Стефковски.

Exit mobile version