Стефановски сведочеше за „Транспортер“: „Договорот беше без сума, кога сите ги потпишаа, потпишав и јас“

За избраната фирма на тендер дознав од самата фирма, писмено никогаш не добив известување од Општина Битола, сведочеше Љупчо Стефановски обвинет во „Транспортер“.

Тој вели дека во договорите кои биле испратени од Општина Битола немало суми на што тој реагирал, но Слободан Бончановски, кој тогаш бил одговорен за секторот финанси, му рекол дека тоа така треба да биде, пренесува ТВ21.

 

Откако сите останати директори ги потпишале договорите за превоз на ученици без вредност, го потпишал и Стефановски со цел, како што вели тој, учениците да не останат без превоз.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега