Стефанова: Пуштањето од куќен притвор и враќањето на пасошите се потпишани од Јанева

Лиле Стефанова од Специјалното Јавно Обвинителство, денеска на прес-конференција по случајот Рекет и апсењата, рече дека не е извршен претрес во нејзиниот дом како шт се пишуваше во дел од медиумите.

-Согласно законот за СЈО сите одлуки, секој спис кој излегува единствено го потпишува Јанева. Или во нејзино име овластени обвинителите. Јас немам потпишано ниту една одлука излезена од ова обвинителство. Ниту мислењата за пуштање од куќен притвор, ниту враќањето на пасошите на Панделески и Камчев, изјави специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова.

Таа демантираше дека во нејзиниот дом е извршен претрес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега