Стефанова: Не сум експерт за криминал, за тоа прашајте ја Катица Јанева

Специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова утрово се појави во Кривичниот суд каде денеска требаше да се одржи рочиште за  случајот „Титаник“, но беше одложено поради боледување на судијата Огнен Ставрев.

На новинарско прашање, дали е правилна процедурата обвинител да контактира со осомничен, како што тоа го направи Катица Јанева со Орце Камчев Стефанова вели дека не е експерт за криминал и дека ќе треба прашањата да и се постават на катица јанева,м пренесе 21ТВ.

Откако италијанскиот весник „Ла Верита“ објави аудио снимка, на која тврди дека се слуша гласот на Јанева која на Камчев му рече „Се ќе биде добро", а се спомена и Лиле Стефанова, таа даваше исказ во Обвинителството цели пет часа, а засега не се знае кога ќе биде повикана Катица која тогаш изјави дека коминицирала со Камчев за да биде сведок во предпостапка за нов случај.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.08.2019 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега