АКТИВНОСТИТЕ НА ТЕРЕН ПРОДОЛЖУВААТ И ДОЦНА ВЕЧЕРВА!

И во овие доцни вечерни часови, екипите на ЈКП Гази Баба не запираат и продолжуваат со расчистување и санирање на последиците од невремето.

Првата фаза од интервенцијата е успешно завршена. Во овој момент нема ниту една непролазна улица и сите главни сообраќајници се целосно проодни.

Продолжуваме со работа низ сите населени места, сè до доцна во ноќта, а уште од раните утрински часови на терен ќе излезат нови тимови за целосно расчистување на секое преостанато паднато дрво и сите останати последици.

Искрена благодарност до сите граѓани за покажаното трпение, разбирање и поддршка во овие тешки моменти.

Посебна благодарност до вработените во ЈКП Гази Баба. Тоа се луѓето кои секогаш се на првата линија кога општината и граѓаните имаат најголема потреба. Со огромна посветеност, професионалност и пожртвуваност, без разлика дали е ден или длабока ноќ, тие се таму каде што треба да бидат.

Продолжуваме со исто темпо – сè додека целосно не ги санираме последиците и не обезбедиме безбедна и уредна Гази Баба за сите наши граѓани, пишува на социјалните мрежи градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.

Exit mobile version