Сте прележале омикрон, а не сте знаеле - еден симптом ќе ви ја реши дилемата
Голем е бројот на луѓе кои асимптоматски го прележале омикрон-сојот на коронавирусот и кои не биле свесни дека се болни и дека ја шират заразата, тврдат научниците од Универзитетот во Њу Џерси и додаваат дека само еден симптом може да ви сигнализира дека можеби и вие сте дел од таа група.
Симптомите на омикрон-сојот главно потсетуваат на симптомите на класична настинка и клиничките слики главно се полесни, па затоа многу луѓе не ни забележуваат дека се инфицирани, сè додека не забележат дека косата им опаѓа, наведено е во научната студија „Хакенсан“.
Оваа студија од Универзитетот во медицинскиот центар во Њу Џерси покажала дека токму опаѓањето на косата се појавува како последица на прележан омикрон, а зголеменото опаѓање на косата се појавува главно помеѓу неколку седмици и три месеци по прележувањето на болеста.
– Поминав шест дена во болница поради коронавирусот, а неколку седмици потоа отидов дома, а косата почна да ми опаѓа во прамени. Беше ужасно – изјавила Паула Дијаз, една од пациентките која се соочила со тој проблем.
Британскиот Институт за трихологија соопшти дека постојат и некои глобални истражувања кои се занимаваат со врската меѓу ковид-19 и опаѓањето на косата.
„На пример во тие истражувања од училиштата за медицина при Универзитетот во Индијана се потврдило дека речиси третина од 1.500 учесници пријавиле опаѓање на коса како еден од долгорочните симптоми на ковид-19“, наведено е во студијата.
Експертите велат дека постојат две главни причини зошто косата опаѓа по прележан ковид-19. Првата причина, објаснуваат тие, е кога реакцијата на телото на вирусот ќе стане преактивна и ќе предизвика воспаление, иако личноста би требало веќе да закрепне од коронавирусот.
Втората причина е стресот затоа што е познато дека ковид-19 предизвикува стрес, но и дека тој се поврзува со опаѓањето на косата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа