Статистика: Само 10 земји во Европа имаат направено помалку тестови од Македонија

Само 10 земји од цела Европа имаат направено помалку тестови за корона вирус од Република Македонија. Последната статистика на Worldometers, покажува дека земјава се наоѓа на дното според интензитетот на тестирање со направени само 6230 тестови.
Меѓу земјите од регионот зад нас се соседите Србија, Бугарија и Албанија но само според бројот на направени тестови на 1 милион жители. Србија која е 4 пати побројна од Македонија има спроведено на 10.700 тестирања, Бугарија близу 16.000 тестови додека Албанија е на дното со само нешто помалку од 3000 спроведени корона тестирања.
Меѓу земјите кои имаат спроведено помалку тестови по глава на жител од Македонија се и земји со голем број на жители како Турција, Полска, Украина.
Турција на пример има спроведено речиси 250.000 тестирања но ако се има предвид дека број над 82 милиони жители, пресметката покажува дека се направени само нешто помалку од 3.000 тестови на 1 милион жители.

Држава

Вкупно тестови

Тестови на 1 милион жители

Украина

7.205

165

Албанија

2.989

1.039

Србија

10.761

1.232

Молдавија

5.108

1.266

Босна и Херцеговина

6.911

2.016

Бугарија

15.899

2.288

Романија

47.207

2.454

Полска

99.284

2.623

Унгарија

25.748

2.938

Турција

247.768

2.938

Македонија

6.230

2.990

 

Сите останати земји во Европа освен овие 10 спроведуваат поинтензивно тестирање од Македонија,

Очекувано на врвот се мали европски земји кои лесно можат да го тестираат целото население. Па така најмногу тестови по глава на жител имаат Фарските Острови каде има помалку од 50.000 жители а направени се вкупно 5.133 тестови што статистиката го регистрира како повеќе од 105.000 тестирања на милион жители.
Од регионот најдобро стои Словенија која спровела 30.699 тестови или 14.752 на 1 милион жители што е речиси 5 пати повеќе од Македонија.
Во светски рамки најголем број на тестови има спроведено САД. Тие направиле близу 2,2 милиони тестови односно 6.611 тестови на 1 милион жители. Следи Германија со нешто помалку од милион тестови или близу 11.000 на милион жители и Русија со над 900.000 тестови што е 6.237 тестирања на милион жители

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега