Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на поставувањето на камен-темелникот за изградба на автопатот Скопје-Блаце.
Новата автопатска делница ќе биде долга 10,5 километри, а инвестицијата е вредна 222 милиони евра. Изведувач на градежните работи е компанијата „Гранит АД Скопје“, која има рок од четири години за реализација на проектот.
Делницата ќе се поврзе со веќе изградените 1,5 километри од автопатот Скопје-Блаце, во близина на граничниот премин Блаце.
Договорот за изградба на патниот правец на 20 август го потпишаа „Гранит АД Скопје“ и Јавното претпријатие за државни патишта.


