Старец пукал од балкон во Ѓорче Петров – полицијата во неговиот дом пронашла повеќе огнени оружја и муниција

70-годишник од скопската општина Ѓорче Петров од балкон испукал неколку куршуми во воздух, па полицијата влегла во неговиот дом.

-Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека од балкон на стан на подрачје на Ѓорче Петров, Ж.К.(70) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир така што со пиштол испукал неколку куршуми во воздух. Од лицето бил одземен пиштолот „М- 70“ калибар 9мм., две рамки за пиштолот, 12 куршуми калибар 9мм., футрола за рамка, ловечка пушка „црвена застава“ калибар 16/70мм., два патрона за ловечка пушка „белон 2,50 мм.“, футрола за ловечка пушка и две дозволи за поседување и носење оружје на негово име, велат од полицијата.

 По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

16.09.2021 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега