Старец на 91-годишна возраст руши светски рекорди во кревање тегови

91-годишниот  Сај Персли од Америка е старце кој може да послужи како пример на многу луѓе во светот. Овој човек на 91-годишна возраст е светски рекордер во кревање тегови.

Стариот рекорд на Сај од 2005 година изнесуваше 62.6 килограми, а неговиот нов рекорд е 85 килограми.

За разлика од поголемиот број лица на негова возраст кои се среќни ако воопшто се движат и гледаат убаво, Сај не се откажува, вежба напорно и не ја губи силата.

Со кревање тегови започнал да се занимава на 60 години, а прв пат се натпреварувал пред пет години. Во досегашната кариера ја освоил титулата државен првак за 2009 година, како и светските шампионати во 2010 и 2011 година во категоријата од 85 до 89 години.

најчитано сега