Обвинителството му го замрзнало имотот во Македонија и во Србија на сопственикот на Марковски компани кој е меѓу осомничените за малверзации со тендери во РЕК Битола. Според информациите кои утрово ги сподели обвинителството, српските служби го прифатиле барањето и му забранаиле да располага со десетина нови камиони на правно лице од Србија кое сопственички се поврзува со Марковски компани.
Дополнително, од српските власти е побарано да се обезбеди и да се отвори сеф за кој е утврдено дека осомничениот го поседува во една српска банка со цел да се провери неговата содржина.
Освен ова, од сметките на осомничениот и неговата фирма во државава, која исто така е опфатена со истрагата, по барање на обвинителството се замрзнати околу 30 милиони денари, а обвинителството побара да се забрани и располагање на дополнителен движен и недвижен имот во државава – три стана во Скопје, парцела градежно неизградено земјиште и гаража стекнати во 2024 година, како и три товарни и едно патничко возило набавени во 2025 година, за кои постои сомнение дека претставуваат принос од казниво дело, односно имот кој во иднина може да е предмет на конфискација поради сторените кривични дела кои се опфатени со истрагата, објаснуваат од Обвинителството.
Марковски во моментов е во притвор на барање на обвинителството. Претходно судот одлучи тој да биде во куќен притвор на по жалба на обвинителството, одлуката е променета.
Актуелно
- Камионџиите ги блокираа границите кон соседите – Владата застана зад транспортерите во битката против „туристичкиот третман“ од ЕУ
- Поради штрајк – Лувр под клуч по четвртипат
- Обама: Убиството на Прети е повик за будење за секој Американец
- Милошоски со апел до кипарскиот амбасадор проблемот со превозниците да се стави на дневен ред во Брисел
- Нови детали за здравствената состојба на Шумахер: Повеќе не е врзан за кревет
- Трка за државен обвинител: Четворица кандидати во игра, рокот истекува на полноќ
- Николоски со поддршка за протестот на превозниците: Ова е едно навремено предупредување
- Сали се сретна со амбасадорот на Кипар: Во фокус европските интеграции

