Пратеникот од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ, во гостувањето на ТВ 24 порача дека институциите мора целосно да го завршат судскиот процес поврзан со трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани и нагласи дека власта нема намера да прикрива било кого.

Станковиќ истакна дека државата стои на ставот дека „секој сторител треба да одговара за стореното дело“. Тој очекува одговорност за сите виновници.

„Битно е граѓаните да знаат дека ние не сакаме да заштитиме никого, напротив сакаме секој сторител да одговара… се надевам дека ќе се смогнат сили пред сè судската власт и ЈО да го истераат случајот до крај,“ рече Станковиќ.

Пратеникот потсети дека власта од самиот почеток не бега од прашањата и покажа целосна транспарентност. Тој нагласи дека семејствата на жртвите се постојано во контакт со институциите:

  • Министерот за внатрешни работи, Тошковски, имал средба со родителите на самиот почеток.
  • Власта ја потпишала иницијативата во Собранието за отворање и разгледување на овој и на сите претходни случаи, кога разбрале дека семејствата го сакаат тоа.

Станковиќ повтори дека Владата останува доследна во ставот дека никој нема да биде заштитен и дека најважно е правдата да излезе на виделина.

Exit mobile version