Стан во Скопје и кредит од 2 милиони денари - каков имот пријавил Милошоски во Антикорупциска

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во Државната комисија за спречување корупција како заеднички имот пријавил стан во Скопје од 125 метри квадратни, проценет на 9,5 милиони денари.

Тој на име на децата пак пријавил стан во Германија од 49 метри квадратни, за кој не дал проценка колку вреди.

На свое име и на име на сопругата пријавил и животно осигурување, а тој пак има побарување, кое треба да му се врати годинава.

На име на сопругата пријавил и додаток за трето дете, тој зема кирија од стан во Ахен, а заеднички имаат и кредит од 2 милиони денари, кој треба да го вратат до 2027 година.

Анкетниот лист на пратеникот погледнете го ОВДЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа