Стаменковскa Стојковски: Остро ќе се спротивставам на сите незаконски вработувања

Моите последни податоци се дека Агенцијата за администрација за последните два месеца има вработено 986 лица, додека па Агенцијата за вработување 4804 лица. Оваа бројка излегува некаде околу 5800 лица, вели дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски во вчерашното интервју дадено за порталот Макфакс“.

Стаменковскa Стојковски посочи дека голем број од вработувањата се прават со големи грешки се со цел што побрзо да се завршат огласите и да се вработат, потенцирајќи дека целта како дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација е токму тоа да се детектираат сите незаконски вработувања и пропусти на процедурите се со цел нивно спротивставување.

Она што го гледаме и начинот на кој што се прибавуваат документите кои што се потребни за да се аплицира на оглас, се гледа дека се прават многу грешки само за да се завршат што побрзо огласите и да се вработат што побрзо. Нашата цел е да ги детектираме сите пропусти кои што се направени во процедурите за вработување и да се спротивставиме на ваквите вработувања, рече Стаменковска Стојковски.

Во однос на распределбата на лица од една во друга институција дополнителниот заменик министер Стаменковска Стојковски нагласи дека има голем број на такви случаеви на незаконски начин.

Станува збор за поголем број на лица. Има и лица кои што се плашат да ги дадат своите документи за да не претрпат поголема штета во работењето. Последни случаеви што ги имам е каде што министерството за земјоделство ги распределува вработени од еден во друг град иако согласно законот не е дозволено односно не може да те распредели на друго работно место кое што е подалеку 50 километри од место на живеење. И сега тука е ситуацијата во еден случај е поинтересна бидејќи сите што се жалеле, прво тоа го прават во институцијата а потоа до Агенцијата за администрација. Но, она што е симптоматично што агенцијата за администрација мери место на живеење од клучката на Хиподром надвор од Скопје, до првата табла каде што лицето е распределено. Значи лицето не живее на автопат, туку живее во живеалиштето каде што е пријавен, објасни таа.

Интервјуто може да го погледнете ТУКА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега