Стаменковска до Заев: Ако државата цвета како што кажувате зошто тогаш правите реконструкција?

Невенка Стаменковска, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за реконструкција на владата на СДСМ го праша Зоран Заев зошто се прави реконструкција на владата ако се е добро во државата како што кажува тој.

-Обично реконструкција правиме кога нешто нечини, а вие во вашиот говор кажавте дека во државата цветаат рози, дека се е идеално и дека во секое поле Македонија постигнала напредок, ама очигледно е и дека сам себе се лажите, вели Стаменковска.

Таа додаде дека оваа СДСМ не донесе живот за граѓаните на Македонија како што ветуваа, бидејќи млaдите се повеќе се ислеувале од државата, а најдобар показател се токму огласите кои што ги објавиле за вработување каде што поради големиот број на иселени луѓе нема кој да се пријави на нив.

-Во државата нема доктори, во државата нема наставници во државата нема медицински персонал и самите сте свесни дека е така, имате распишано огласи ама не може да најдете луѓе за да ги потполнат бидејќи млади во државата нема, рече Стаменковска.

Според нејзе, Заев не може да се пофали со некоја странска инвестиции зошто изминатиот период единствено што правеле е што сечеа лента на инвестиции донесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи му дека и единствената инвестиција на Заев е сендивача која што ја затвориле.

-Во Македонија нема странски инвестиции. Во последно време во Македонија не сме виделе странски инвестции. Она што јас го знам како странска инвестиција сте сечеле лента на инвестиција донесена од времето на ВМРО-ДПМНЕ, а во ваше време донесовте една инвестиција КФЦ Сендвичарата, се најадивте, се напивте, имавте труење и ја затворивте сендвичарата и толку беше, посочи Стаменковска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2019 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега