ССМ: Едно 4 члено семејство месечно може да живее со 550 евра

 

Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за јануари 2021 година изнесува 33.650 денари.

Како што соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), од елементите што ја сочинуваат кошничката, на исхрана и пијалаци отпаѓаат 14.021,96 денари, на домување 10.817,34, на хигиена 2.375,68, на превоз 2.483,93, на облека и обувки 2.157,25, на култура 1.067,86, додека на одржување на здравје 726,25 денари.

Повикувајќи се на Државниот завод за статистика, ССМ потсетува дека просечната нето-плата во ноември лани била 27 588,00 денари. Тогаш, вредноста на Синдикалната минимална кошничка била 33.742,10 денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2021 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега