Српскиот професор по глума доби притвор- на судењето ги негирал обвинувањата за силување

Српскиот режисер, сценарист и учител по глума, Мирослав Мика Алексиќ, беше сослушан пред Вишото јавно обвинителство. Тој ги негирал обвиненијата за силување поднесени од српската актерка Милена Радуловиќ и други негови ученички во школата за глума.

Обвинителството по сослушувањето му предложи на судот да му одреди притвор на Алексиќ. 

Тој е обвинет за осум кривични дела силување и седум кривични дела сексуално вознемирување извршени во периодот од 2008 до 2020 година.

Осомничен е за силување и сексуално вознемирување на шест женски лица, а некои од нив во времето на извршување на кривичното дело биле малолетни.

На Алексиќ му се заканува казна затвор од 15 години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2021 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа