Српскиот премиер Дачиќ предложи Влада без Динкиќ

Вчера премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, предложи Владата да продолжи да функционира без партијата Обединетите региони на Србија и нејзиниот лидер Млаѓан Динкиќ и ја повика Српската прогресивна партија да остане во коалиција со неговата Социјалистичка партија на Србија и покрај тоа што имаат различни ставови за реконструкцијата на српската Влада. 

- Ако Српската прогресивна партија не го прифати тоа, единственото решение е да закажеме избори или да се формира некаква коалиција без Социјалистичката партија на Србија. На пример Српската прогресивна партија со Демократската партија или со некоја друга, рече Дачиќ синоќа на прес-конференција.

Српскиот премиер нагласи дека не ги прифаќа барањата на Динкиќ да биде вицепремер, одговорен за инвестициите, истовремено да биде министер за транспорт, телекомуникации и информатичко општество и да раководи со Агенцијата за поттикнување на извозот, и додаде дека смета дека е најдобро Владата да продолжи без партијата Обединетите региони на Србија.

 

најчитано сега