Српскиот пејач откри зошто се скарал со сопругата на денот на свадбата: Морав да попуштам

Српскиот пејач Љубомир Перучица пред неколку дена заплива во брачните води и ѝ го кажа судбоносното „да“ на својата партнерка, водителката Катарина Колозеус.

По нивната свадба започнаа да се шират многу шпекулации, па сега парот откри дали е точно дека се скарале на свадбата.

-Не е баш кавга, само не се согласивме. Тој мораше да попушти, немаше друг избор, вели Катарина.

„Да, немав избор. Јас сакав таа да го земе моето презиме, а таа сакаше да го задржи своето презиме и да го додаде моето, околу тоа не се согласивме“ објасни Перучица.

-Не, јас имам многу добро презиме, никој го нема и ми беше жал да се ослободам од него. Сега сум и Колозеус и Перучица, вели водителката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега