Српскиот фолкер исфрлен од својот дом - за се е виновна 30. години помладата Драгана

Српскиот фолк-пејач Митар Мириќ упаднал во сериозен проблем со сопругата Сузана Мириќ поради љубовницата Драгана Јаниќијевиќ од Прокупље, со која е во врска изминативе две години.

Жената на фолкерот, како што пишуваат српските медиуми, го исфрлила од дома поради неверствоо. Нему тоа не му паднало тешко, па веднаш ги спакувал куферите и заминал кај 30. години помладата Драгана.

-Митар се заљуби како тинејџер и за последиците не внимаваше. Не му е грижа за бракот, тој е на седмо небо. Сопругата знаеше дека фолкерот е неверен, но не знаеше кој е во прашање. Сега кога сето тоа се обелодени, го исфрли од дома и повеќе не сака да слушне за него. Неговата законска жена е дама и многу му помагаше во животот. Меѓутоа, повеќе не сака да толерира неверство, а ни тоа дека ја посрамотува јавно со љубовницата. Му рекла да си ги собере работите и да си замине - тврди извор за Курир.рс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2019 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега