Српскиот епидемиолог одговори: Дали коронавирусот се пренесува со интимен однос и дали Србија ќе го има истото сценарио како Италија

Може ли коронавирусот да се пренесе со интимни односи, е едно од прашањата кои неретко се поставуваат во врска со Ковид-19.

Гостувајќи на телевизијата Пинк, српскиот доктор Предраг Кон, епидемиолог, меѓу другото, на прашањето дали вирусот Ковид-19 се пренесува со сексуални односи, одговори:

„Преку сексуален однос не се пренесува и завршена приказна“, рекол Кон, а потоа изнел мислење за математичките модели, односно за тоа дали може сценариото на една земја зафатена со коронавирус, да се пренесе на друга држава.

„Што се однесува на математичките модели, јас во принцип не верувам во нив. Математичкиот модел е нешто што е направено и зависи како ги додавате податоците. Одредени параметри треба точно да се пополнат и ако се повторуваат како што треба, тогаш треба да добиете одреден резултат. Секоја епидемија и секое друштво е динамично. Едноставно, не се случува сегде целосно истото. Српското сценарио е српско сценарио, италијанското сценарио е италијанско сценарио. американското е американско. Зошто се различни? Па не може американски модел да се применува во Србија? Едноставно не може“, рекол докторот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега