Српскиот епидемиолог Кон: Моменталното сценарио не е најлошо што можеше да се случи, не го очекував ова

Главниот српски епидемиолог Предраг Кон денеска изјави дека не очекувал оти корона вирусот ќе покаже ваков потенцијал преку летото.

„Таа неочекуваност не се случи само кај нас. Секаде каде се попуштија мерките тоа нагло се појави“, рече Кон за телевизијата Н1.

Додаде дека во Србија „излегуваат натрпевари“, кои сепак не дале толку последици како што можело да се очекува.

Кон додаде дека се уште не смее да зборува за ситуацијата во Белград.

„Мислам дека сега сме на максимум на вториот пик. Многу е важно да се воспостават ови мерки, па ако треба да се применуваат и санкции ако не се почитуваат“, додаде Кон.

Наведува дека првобитното затворање заменето е нови мерки како носење маски.

„Денес постојат јасни истражувања кои покажуваат дека маската го штити поединецот 30 отсто, но ако сите носат – повеќе од 90 отсто“, вели кон.

Смета дека моменталното сценарио не е најлошото кое можело да се случи и дека добро е што вториот пик се случил преку летото, затоа што не се судри со сезонскиот грип.

Во Србија вчера беа регистрирани 276 случаи со Ковид, 19, а тројца починаа. Од почетокот на пандемијата Србија има повеќе од 14.500 заболени, а 277 починаа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега