Српскиот доктор за вториот бран на коронавирус: Ова е само здивнување, нема опуштање

Директорот на Клиниката за тропски и инфективни болести во Србија, д-р Горан Стевановиќ изјавил денеска, после состанокот на министерот за здравје Затибор Лончар и директорите на ковид болниците, дека малиот број на пациентите заразени со коронавирус не значи победа, туку здивнување, кое вели, максимално треба да се искористи за подготовка за можниот втор бран

Стевановиќ на новинарите им рекол дека бројот на пациентите е стабилен и релативно прифатлив за овој временски период. Според него, на инфективната клиника тој број е помал од 100, што вели дека е добар резултат и покажува ефикасност на мерките и нивно почитување.

Она што е опасно, наведува Стевановиќ, тоа е дека перманентно се појавуваат пациенти кои имаат и други болести, но има и такви кои немаат тешка клиничка слика.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2020 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега