Српскиот доктор предупреди: Прељубата е извор на зараза со ковид-19, тие што имаат љубовници се опасни како „бомби“

Шефот на Одделот за хигиена со медицинска екологија на Медицинскиот факултет во Белград, проф. Д-р Горан Белојевиќ предизвика бурна реакција со своето појавување на телевизија.

Тој во Утринската програма зборуваше за теми како што се вакцината за корона, мутации на вирусот и прељубата!

Д-р Белојевиќ како гостин на „TV Happy“ рече дека верува дека бројот на лица заразени со вирусот корона ќе се зголеми наесен, обележувајќи ги дружењата и прељубата како најопасни фактори за ширење на ковид-19.

– Има една работа што никој не ја спомнува, а тоа е седмата Божја заповед, која гласи – не врши прељуба – рече д-р Белојевиќ, како гостин во утринската програма.

На прашање од домаќинот Миломир Мариќ каква врска има тоа со коронавирусот, професорот истакна дека прељубата е „темпирана бомба“ за ширење на ковид-19 и советува дека треба сите да се „држат до партнерот“.

– Овде не станува збор за морал, туку за живот, некој кој има љубовник/љубовница, како да е опасен со бомби! Станува збор за стопроцентна инфекција, бидејќи луѓето таму се малку „пожешки“ – рече тој.

Д-р Белојевиќ очекува зголемување на бројот на заразени наесен, пред се заради враќањето на студентите во своите домови, кога ќе започнат поинтензивно да се дружат.

Коментирајќи за разните прослави, слави, вклучително и свадби, д-р Белојевиќ рече дека свадбите не се проблем, но потребно е да се носат маски и да се држи на дистанца. Според него, вирусот ќе трае до крајот на следната година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа