Српскиот директор осомничен за силување во притвор: 14 дена ќе помине во посебни простории- има право на две посети месечно

По вчерашното рочиште, за време на кое на директорот Мирослав Мики Алексиќ (69) му беше изречена мерка притвор во траење од 30 дена поради силување и незаконски сексуални дејствија, тој ќе остане во просториите предвидени за карантин на Централниот затвор.

Како што дознава Курир.рс, Алексиќ ќе дели ќелија со уште три лица во следните 14 дена, во делот од затворот што служи како карантин. Во текот на следните две недели ќе се провери дали директорот е заразен со коронавирус - дали има треска или какви било други симптоми, а доколку ги има, веднаш ќе му биде обезбедена соодветна здравствена заштита.

Во случај Алексиќ да нема никакви здравствени проблеми во периодот на карантин, тој ќе биде префрлен во редовен затворски блок, каде што ќе дели ќелија со другите затвореници и ќе чека пресуда.

Извор зд Курир вели дека Мирослав Алексиќ најверојатно нема да биде сам во ќелијата, бидејќи „не е таква практика“, а откако ќе се пресели во еден од споменатите блокови, тој ќе стори сé што е во согласност со правилата, кои, меѓу другото, предвидуваат максимални прошетки во затвор два часа.

Тој има право на две посети месечно и два пакети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2021 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега