Српски власти: Македонците во Врање може да се вакцинираат само со српски документи

Доктор Слаѓан Станковиќ, епидемиолог од Институтот за јавно здравје во Врање, проговори во врска со информациите дека на југот на земјата се вакцинираат граѓани на Македонија и Косово.

За белградскиот дневник „Данас“, Станковиќ изјави дека бил бомбардиран од прашања од новинарите во врска со оваа информација.

Како што објасни Станковиќ, во Србија право имаат да се вакцинираат само граѓаните на Србија.

Според „Данас“, вакцината против коронавирус во Бујановац ја примиле граѓани на Македонија кои имале двојно државјанство, како и граѓани на Косово кои имале важечки српски документи.

Државниот секретар од Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек вчера порача дека на југот на земјата нема масовна вакцинација на македонски државјани, но исто така нагласи дека вакцината можат да ја примат граѓани со двојно државјанство.

„Приказните за масовноста на граѓаните од Македонија кои се вакцинираат се дезинформација. Постојат луѓе кои имаат двојно државјанство, и тие навистина го користат тоа право, и јас не гледам ништо лошо во тоа“, изјави Ѓерлек.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2021 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега