Српски медиуми: Косово тајно се вооружува

Косово тајно се вооружува, пишуваат српските медиуми.

Пристигнувањето на вториот дел од контингентот на оклопни возила од САД, неделава, го потврди и командантот на Косовските безбедносни сили, Рахман Рама, кој рече дека оваа испорака е поврзана со договорот што беше постигнат лани.

Рама кажа дека и во иднина ќе продолжат да купуваат.

За содржината на контингентот вели дека е тајна, но најави и реализирање на други договори со САД, пишува „Србија данас“.

Последната испорака од САД се состои од оклопните возила од типот „хамвеј“.

Косово лани доби како донација 27 идентични возила од САД, а пред две години беа купени 24 возила, објави „Косов.онлајн“.

Паралелно со воените набавки од САД, приштинските власти водат разговори со Германија за набавка на топови и противоклопни ракетни системи. Во фокусот на косовската војска ѝ е дополнување на лесното артилериско оружје и современо пешадиско вооружување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.08.2020 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа