Српската водителка доживеала сообраќајка - со автомобилот удрила во оградата на соседот

Анѓела Лакичевиќ доживеала сообраќајна несреќа кога во близина на својата куќа со автомобилот удрила во ограда.

Српската водителка несреќата ја доживеала во 3 часот по полноќ синоќа, кога се враќала од патување. Анѓела не е повредена, но штетата на автомобилот е голема. Само неколку денови претходни имала и мала сообраќајна незгода кога при возење на автомобилот си го скршила ретровизорот.

-Бев преуморна, а морам да признаам и дека штотуку положив и го усовршувам возењето од ден во ден, но кога ќе ве стигне заморот и неискуството се случува тоа што се случува. Фала му на Бога мене не ми е ништо, но заспав зад воланот од замор. Автомобилот е  премногу оштетен, но ја искршив и оградата на соседот. Тој полуде кога излезе надвор, наместо да ме праша дали сум добро, тој почна да вика на мене и да ме пцуе дека сум пијана и дека не знам да возам - рекла Анѓела.

-Полицијата дојде на увид, потврдено е дека не сум конзумирала алкохол, како и дека сите трошоци ќе морам сама да ги сносам. Стресот е голем, како и штетата, но фала му на Бога мене не ми е ништо. Како што велеше мајка ми, лимот се поправа но главата не. Така што ќе ги поправиме оградата и автомобилот - заклучила водителката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2019 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега