Српската премиерка на страната на Ѓoковиќ: Оставете го човекот на мира, одговорноста е моја, јас сум виновна

Ана Брнабиќ, премиерката на Србија, застана на страната на тенисерот Новак Ѓоковиќ и одлучи да преземе дел од вината.

„Сакам да му пружам полна поддршка, секоја чест. Сакала да направи нешто добро за сите нас, не само во Србија туку и во регионот. Сакал да помогне да собере пари и секоја чест за тоа. Ако може да се префрли таа вина на мене, а него да го остават на мира, тоа би го сакала најмногу на светот. Ете, тоа е наша вина, ние ги попуштивме мерките, тој ги слушаше препораките и еве, јас сум виновна. Оставете го човекот на мира, која е одговорноста ете. За мене е тоа прехумана намера, секоја чест и цела поддршка“, рекла таа во гостување во српска емисија.

Се испоставило дека Григор Димитров играл мечеви и позитивен е на коронавирусот, а потоа тестирањето покажало исти резултати кај Новак и Јелена Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ и други.

Од тој момент се сврте вистинска медиумска хајка против српскиот ас, а меѓу нив најгласни се британските медиуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега