Српската премиерка Брнабиќ изнервирана: АФП пренесе страшна лага

Француската агенција Франс прес објавила дека Љубиша Ѓуриќ починал од Ковид-19 во земунска болница чекајќи на респиратор, а премиерката Ана Брнабиќ вели дека тоа е стражна лага.

„Страшна лага е она што АФБ го објави и за тоа ќе зборувам на конференцијата за медиуми, денеска во 15 часот“, рекла премиерката како одговор на новинарско прашање во врска со извештајот на Франс прес кој го пренел Недељник.

АФП навел дека извештајот од Земунската болница покажува дека Љубиша Ѓуриќ чекал префрлување на болнички респираторен цента во кој во тој момент немало респиратори на располагање, пренесува Недељник. Љубиѓа Ѓуриќ починал во Земунската болница на 12. април.

Неговиот син Петар Ѓуриќ учествувал во демонстрациите во Белград и за Н1 изјави дека татко му починал бидејќи во болницата немало респиратор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега