Српската полиција демантира: Пасошот на пријателката на Матеј не е одземен

Пријателката на исчезнатиот Матеј Периш, Маја од Сплит, се уште го има својот пасош, а српската полиција не и го одземал, јавуваат српските медиуми повикувајќи се на демант од српското МВР.

Претходно, хрватски медиуми повикувајќи се на неофицијални информации објавија дека на девојката ѝ е одземен пасошот.

Ноќта кога Матеј Периш исчезна, се обидел да стапи во контакт со неа преку социјалната мрежа Инстаграм, но таа не го контактирала. Со неа разговарала и белградската полиција.

17.01.2022 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа