Српската пејачка го фатила сопругот како ја изневерува - ја исфрлила љубовницата гола

 

Легендарната српска пејачка, која неодамна прослави повеќе од половина век на сцена, ненадминатата Лепа Лукиќ имала два брака.

На врвот од кариерата, Лепа била мажена за естрадниот менаџер Владо Перовиќ, кој и бил прв маж.

Нивниот брак е завршен поради неговата прељуба, а лепа во свој стил опиша како го фатила сопругот со љубовницата.

„Му реков дека одам десет дена во странство да пеам. Ме однесе до аеродром. Цмок, цмок. Јас се вратив истата вечер. Ги затекнав голи во спалната соба. Неа ја исфрлил онака гола! Ме молеше да и ја дадам облеката, а јас не и ја дадов. Потоа и ја фрлив гардеробата низ скали и ја истерав надвор“, рече Лепа.

 

 

 

22.03.2018 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега