Српска лекарка за лекувањето коронавирус со хидроген - д-р Гњатовиќ ја откри вистината

Марија Гњатовиќ од Институтот за примена на нуклеарна енергија ги искоментирала најновите теории за лекување од коронавирус со хидроген.

Д-р Марија Гњатовиќ гостувајќи во емисија на РТС зборувала за антителата и тежината на клиничката слика, ефикасноста на вакцината, но и објаснила дали има вистина во најновата теорија дека коронавирусот може да се лекува со трипроцентен хидроген.

Неодамна медиумите пренесова дека коронавирусот може да се излечи со трипроцентен хидроген, средство кое сите го имаме во домаќинството.

-Не сум го видела оригиналното истражување, само прочитав во медиумите. Она што можам да кажам е дека консумирањето на хидроген е опасно и ја гори слузокожата на цревата. Позитивни страни можеби постојат, но треба да се најде начин како хидрогенот да се користи и да се испита“, објаснила докторката.

-Постои значајна корелација меѓу тежината на клиничката слика и количината на антитела на корона, тешката слика создава поголема количина антитела, тоа значи дека веројатно дошло до инфекција со поголема доза на вриус. Меѓутоа, има и асимптоматски случаи кои имаат голема количина антителА“, вели д-р Марија и објаснува дека лицето кое е вакцинирано може да се зарази.

„Се зависи од одговорт на телото, а вакцината секако ќе помогне клиничката слика да биде поблага“, напоменува таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.01.2021 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа