Среќен крај: Пронајдена 16-годишната Наташа

Пронајдена е 16-годишната Наташа Николова од Оризари, Кочани, по која се трагаше од вчера. 


-Жива е, тоа е најважно. Неколку млади момчиња, да не речам деца, кои беа вклучени во потрагата ја најдоа, дехидрирана е, ја носиме во болница. Најважно е што е жива, ова е големо олеснување, благодарни сме на сите кои на било кој начин помогнаа – вели близок роднина на девојчето.

Наташа излегла од дома вчера наутро, на денот на својот 16-ти роденден, по што и се изгубил траг, објави „Фокус“.
12.06.2021 - 00:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега