Средношколски глас: Платформата не функционира - образованието е право, а не привилегија

Средношколците реагираат дека националната платформа за онлајн настава не функционира иако утре треба да се одржат првите пробни часови.

– Како ќе успеат првите пробни часови кога платформата воопшто не е функционална кај повеќето ученици. На официјалната страница за платформата исто така покажува дека има и мобилна верзија, но во теорија мобилната верзија не е воопшто функционална. Ние средношколците сме незадоволни од непристапноста и нефункционалноста на платформата. Образованието е право, а не привилегија и поради таа причина треба да биде достапна и функционална како и на компјутер така и на мобилните телефони. Се надеваме дека министерството ќе ја корегира нефункционалноста и недостапноста на оваа платформа – велат од Средношколски глас.

Националната платформа за учење на далечина не функционира, учениците во речиси сите основни и средни училишта добија...

Posted by Средношколски Глас on Monday, 28 September 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега